Канцеларијата за контрола на странски средства (OFAC) на Министерството за финансии на Соединетите држави најави нови санкции против лица и компании од Босна и Херцеговина.
Министерката за надворешна трговија и економски односи на БиХ Сташа Кошарац (СНСД), како и претприемачите Мирко Добриќ и Александар Добриќ од Градишка и Влатко Вукотиќ од Бања Лука се ставени на американската „црна листа“.
Беше наведено дека биле санкционирани, меѓу другото, и поради нивните врски со претседателот на РС Милорад Додик и неговиот син Игор, кои претходно беа на американската „црна листа“.
Санкции беа изречени и за компаниите „Бест сервис“ и „Нимбус иновации“ со седиште во Бања Лука, поради, како што се наведува, врските на компанијата со Игор Додик. На „црната листа“ е и фирмата „Ворто“ поради Влатко Вукотиќ и фирмата „Зелена Јабука“ поради врските со Мирко Добриќ.
Како што наведуваат од ОФАЦ, тие се дел од патронажната мрежа на претседателот на РС Милорад Додик, што му овозможува на неговото семејство да се обиде да ги избегне американските санкции, кои претходно им беа воведени.