Шпанскиот премиер Педро Санчез денес изјави дека ќе ги повика сите приватни оператори на одговорност за прекинот на електричната енергија, најавувајќи реформи за да се осигури дека масовни прекини никогаш повеќе нема да се случат.
Санчез најави формирање на истражен комитет, предводен од Министерството за еколошка транзиција, во кој ќе бидат вклучени, меѓу другите, претставници од Националниот институт за сајбер безбедност (Incibe), Националниот криптолошки центар и Националната комисија за пазари и конкуренција (CNMC).
„Владата формираше комисија за истрага на прекинот на електричната енергија, во која се вклучени експерти за сајбер безбедност.“ Важно е „Ред Електрика“, приватен транспортен оператор, да придонесува во снабдувањето со енергија. „Исто така, треба точно да знаеме што се случило во компаниите за производство на електрична енергија во однос на нивната сајбер безбедност“, рече Санчез.