Италијанската џудистка Алисе Беланди го освои златниот медал во џудо во категоријата до 78 килограми, откако во финалето ја совлада Израелката Инбар Ланир.

Алисе Беланди беше во центарот на вниманието додека го прослави олимпиското злато бакнувајќи ја својата девојка Јасмин Мартин, џудистка родена во Бразил, која се натпреварува за Јужна Африка и живее во Рим.

  • Што не е во ред со тоа? Ова е злато полно со љубов. Жал ми е што на овој бакнеж се гледа како на нешто исклучително, тоа е љубов. Сè е водено од љубовта. Спортот е љубов, пријателството е љубов, двојката е љубов, рече новата олимписка победничка која призна дека златниот медал е „сон кој го бркав долго време“.

Таа низ солзи кажа и дека медалот и го посветува на својата земја.

  • Ова е за мојата Италија, откако натпреварите овие денови не поминаа како што сите очекувавме. Ние сме одличен тим и ни оди одлично. Италијанскиот олимписки тим им благодарам и на оние кои не се тука, но ми помогнаа, порача Беланди.

Џорџија Мелони, премиерката на Италија, и честиташе и ја прегрна Алиса Беланди по освојувањето на златниот медал.

  • Нејзината одлучност беше неверојатна, изјави Џорџија Мелони.

Италијанците се горди на Алиса, која им овозможи да го освојат првиот златен медал во џудо од 2008 година. Италијанката го освои среброто на Светското првенство минатата година.