САМО РЕГИСТРИРАНИ ТРОТИНЕТИ НА УЛИЦИТЕ ВО СРБИЈА: Нема налепници, нема возење!

71

Лесните електрични возила, кои вклучуваат електрични скутери и велосипеди, во Србија ќе мора да се регистрираат од 5 април.

Во сообраќајот на патиштата ќе можат да учествуваат само лесни електрични возила со налепница согласно одредбите од овој правилник

Сите кои поседуваат лесни електрични возила, меѓу кои има скутери и велосипеди, од 5 април ќе можат да побараат налепница за регистрација.

Како што стои во регулативата, во сообраќајот ќе можат да учествуваат само возилата со оваа налепница. Како краен рок е наведен 15 јуни, по што ќе почне казнувањето.