Само преку отворен дијалог и функционална самоуправа, може да изградиме општини што работат во интерес на своите жители

17

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со заменик министерот Ерџан Селими, денеска во рамки на „Каде што срцето е дома“, ја посети Општина Бутел и одржа работна средба со градоначалникот Дарко Костовски и членовите на општинскиот Совет.

На средбата од каде била упатена пораката: „Само преку отворен дијалог и функционална самоуправа, можеме да изградиме општини што навистина работат во интерес на своите жители“, било дискутирано за најважните локални прашања, но и за поширокиот контекст на унапредување на локалната самоуправа.

Од Министерството за локална самоуправа информираат дека покрај разговорите за тековните предизвици и приоритети во општината, особено внимание било посветено на размената на мислења во врска со измените на Законот за локална самоуправа, неговата примена и можностите за негово унапредување.

„Граѓаните мора да бидат во центарот на секоја политика. Законот за локална самоуправа е алатка, но неговата сила зависи од тоа колку сме подготвени да го користиме во полза на сите жители во општините – отчетно, транспарентно и со реално учество на граѓаните“ – било истакнато на средбата на која се разговарало и за реализацијата на дванаесетте проекти кои во општина Бутел се изведуваат со средства од првиот владин повик за поддршка на инфраструктурни капитални проекти.

 

ИЗДВОЕНИ