Бали е најпознат по прекрасните плажи, а за оние кои сакаат уникатно искуство, Бали крие и пештера која е претворена во ресторан, а сега е хит на социјалните мрежи.

Станува збор за ресторанот „The Cave by Chef Ryan Clift“, ексклузивен подземен ресторан со 22 седишта кој нуди менија од седум или десет јадења од готвачот Рајан Клифт, заедно со широк избор на вина и коктели.

Ресторанот се наоѓа во пештера за која се проценува дека е стара 25 илјади години, а е откриен во 2013 година при изградбата на вилата. Оваа зачувана природна пештера сега нуди уникатно искуство во ресторанот додека седите и јадете опкружени со сталактити, со можност за обиколка на пештерата, каде што добивате заштитни шлемови.

Многумина тврдат дека ова е и најскапиот ресторан на Бали (а Бали е познат по пристапните цени), а готвачот овде сам ги носи јадењата на масата. Помеѓу оброците можете да го обиколите и фотографирате, а ресторанот е познат и по светлосните ефекти и проекции на ѕидовите на пештерата.

Цените на менито во овој ресторан се движат помеѓу 100 и 240 евра – најприфатливо е менито со седум јадења кое чини 100 евра по лице, а доколку сакате да вклучите пар вино и коктел во менито, сè заедно ќе чини и двојно повеќе, околу 200 евра.

Се нудат и менија со 10 јадења, кои најчесто се служат за ручек или вечера по 21 часот. Чинат 130 евра по лице, а со пар вино и коктел ќе ве чинат дури 240 евра по лице.