Салах се поблиску до Саудиска Арабија

11
epa10290956 Liverpool's Mohamed Salah reacts during the English Premier League soccer match between Tottenham Hotspur and Liverpool FC in London, Britain, 06 November 2022. EPA-EFE/ISABEL INFANTES EDITORIAL USE ONLY. No use with unauthorized audio, video, data, fixture lists, club/league logos or 'live' services. Online in-match use limited to 120 images, no video emulation. No use in betting, games or single club/league/player publications

Најдобриот играч на Ливерпул за помалку од шест месеци ќе може слободно да избере нов клуб, а се чини дека ќе го замени „Енфилд“ за Саудиска Арабија.

Раководството на клубот вложи максимални напори да го задржи „фараонот“ во своите редови. Сепак, двете страни не успеаја да најдат заеднички јазик и се чини дека спортското одделение на „црвените“ полека се помирува со фактот дека ќе останат без првата ѕвезда на тимот.

Инсајдерот Мигел Рико изјави дека гласините за вмешаност на Реал и Барселона во целата приказна не се точни, бидејќи шпанскиот гигант е информиран дека Египќанецот веќе договорил преселба во Саудиска Арабија.

Оваа информација не значи дека е познато името на новиот клуб на Салах, бидејќи за аквизициите на големите спортски ѕвезди и нивниот пласман во тимови одлучува Министерството за спорт на оваа западноазиска земја.

Големата четворка ја сочинуваат Ал-Хилал, Ал-Наср, Ал-Ахли и Ал-Итихад, така што актуелниот водечки стрелец и асистент во Премиер лигата следната сезона би можеле да го гледаме во еден од овие тимови.

Саудијците многу смирено ги прифаќаат шпекулациите за останување на Салах во Ливерпул бидејќи веруваат дека постигнале договор со 175 сантиметри високиот напаѓач, напиша „Фудбал Шпанија“.

Мохамед Салах на 20 натпревари во Премиер лигата оваа сезона постигна 18 голови и 13 асистенции.

Најпознатите имиња кои моментално настапуваат на брегот на Црвеното Море се Кристијано Роналдо, Марсело Брозовиќ и Садио Мане (Ал-Наср), Александар Митровиќ, Сергеј Милинковиќ-Савиќ, Нејмар и Канте (Ал-Хилал), Ријад Марез, Роберто Фирмино и Франк Кеси (Ал-Ахли) и Карим Бензема и Предраг Рајковиќ (Ал-Итихад).

ИЗДВОЕНИ