Земјоделско – шумарското средно училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци, кое што постои 67 години подарува по една саксија цвеќе за секое прваче во општината, информираа оттаму на нивниот фејсбук профил.
Оттаму нагласија дека ваквата активност, веќе станува традиција.
– Се работи за цвеќе одгледано со љубов од нашите ученици и наставници, кое сега со љубов ќе биде подарено на најмалите ученици, со цел да им посака убава, цветна и успешна учебна година – наведуваат од училиштето.
Тие додаваат дека вработените во училиштето се потрудиле саксијата со цвеќе да биде убаво спакувана и навреме доставена до секое училиште, за на втори септември да биде дадена на секој првоодделенец. При тоа, изразија надеж дека ќе ги израдуваат првачињата. Истовремено, многу успех им посакаа и на сите други ученици, пред стартот на новата учебна година