Сакате работа во Шведска? Тешко!

35
EPA-EFE/HNERIK MONTGOMERY

Невработеноста во Шведска се зголеми во септември од 7,9 отсто во август на 8,2 отсто и сега е највисока во последните три месеци, објави Шведскиот институт за статистика (СНБ).

Според извештаите, во септември во Шведска се регистрирани 468.000 невработени лица, додека бројот на вработени е 5,2 милиони.

Според приспособените податоци, стапката на вработеност во Шведска изнесува 69 отсто.

На 25 септември, централната банка на Шведска, Riksbank, ја намали референтната каматна стапка за 25 базични поени на 3,25 отсто, во согласност со очекувањата на пазарот.

Шведска во последно време бележи бавен економски раст и се соочува со зголемување на невработеноста, а банката сака да помогне во решавањето на овие проблеми со намалување на каматните стапки, пренесува Bloomberg.

Монетарната политика се движи во насока на експанзија, што ќе ги подобри финансиите на домаќинствата и ќе им олесни на компаниите да инвестираат, соопшти шведската централна банка.