Предноста на киселата зелка лежи во високиот процент на витамин Ц. И тоа не е сѐ. Киселата зелка е популарна против мамурлак, добра е за здравјето на телото. Само 100 грама кисела зелка содржи 20 милиграми витамин Ц.
Ја зајакнува имунолошката одбрана и го спречува предвременото стареење на клетките и ткивата. Киселата зелка содржи и витамини А, К и комплексни витамини од групата Б. Овие супстанции спречуваат бројни гастроинтестинални патологии (на пример, чир на желудникот и дуоденумот).
Киселата зелка го намалува холестеролот во крвта и ја спречува појавата на малигни клетки. Одличен е како диететски производ бидејќи содржи тартронска киселина која го спречува создавањето на масни наслаги.
Киселата зелка е поздрава од свежата
Рецепт:
Ви треба:
2 глави зелка
6 големи моркови
сол (40 g на 1 кг зеленчук)
вода
Подготовка:
Изрендајте ја зелката, а потоа и морковот. Измешајте го зеленчукот и ставете го во пластично буре. Ред зеленчук, па ред сол.
Потоа прелијте ја зелката со вода, колку да ја покрие. Зеленчукот притиснете го со капак, а потоа со камен за убаво да се смести.
Потоа оставете го да кисне. Проверете по неколку дена, ако се појави пена на зелката, подигнете ја.
Кога ќе се закиселат зелката и морковот, послужете ја салатата. Нема поздрав оброк од овој!