Актерката Брук Шилдс беше меѓу оние кои за Божиќ добиваа колач од бело чоколадо со кокос од актерот Том Круз.
Сепак, се чини дека актерот почнал да ја изоставува од листата на приматели на овој празничен подарок.
Актерката се пожалила на магазинот „Пипл“ дека ја „симнале од списокот“.
„Кога колачот почна да пристигнува, потписот гласеше: Том, Кејти и Сури. Подоцна било напишано само неговото име. Сакам да се вратам на списокот! Тоа е најдобрата торта досега! Том, врати ме назад“, се пошегува Брук.
„Колачот е навистина кралска. Статусен симбол. А и Круз има вкус. Кога ќе се исече куглофот, пред вашите очи се создава мека, сунѓереста основа со кокос, парчиња бело чоколадо, слатко крем сирење и изгледа како една голема кокосова снегулка“, додаде таа.