Сакале да се разведат поради името на бебето – по три годишна битка, судот им го решил спорот

85

Не е невообичаено брачните двојки да се караат околу името на своето бебе, но тоа обично не завршува на суд.

На брачна двојка од јужната индиска држава Карнатака ѝ беше потребна судска интервенција по тригодишна битка за името на нивниот син, што на крајот ги спречи да се разведат.

Сè започнува во 2021 година, кога неименувана жена раѓа момче и оди во домот на нејзините родители неколку недели, што е вообичаена практика во Индија жените да одат во куќата на нивните родители по раѓањето за да се одморат и закрепнат. Тогаш мажот треба да дојде и да ги врати мајката и бебето во нивниот дом, пренесува Би-Би-Си.

Но, кога тогаш 21-годишната жена одбила да го прифати името што нејзиниот сопруг го избрал за нивниот син, тој се налутил и не отишол да ја врати назад дома.

Мајката му го дала својот син името Ада – што е комбинација од првата буква од нејзиното име и дел од името на нејзиниот сопруг.

Но, месеците се претвориле во година, а таа сè уште била во куќата на нејзините родители и на крајот се обратила до локалниот суд барајќи финансиска поддршка од нејзиниот сопруг. Сепак, спорот на крајот толку ескалирал што таа на крајот барала развод и алиментација бидејќи е невработена.

Случајот првично бил поднесен во локалниот суд, но подоцна беше префрлен во таканаречениот Народен суд, кој се занимава со случаи кои можат да се решат со спогодување.