Карлос Саинц се чувствува изгубено во новиот болид на Вилијамс. Тој призна дека сè уште не се чувствува целосно сигурен во болидот FW47 на Вилијамс, и покрај тоа што комплетираше значителен број кругови за време на предсезонските тестирања во Бахреин.

Шпанецот се префрли од Ферари во Вилијамс во текот на зимата и го постави најбрзото време на вториот ден од тестирањето, завршувајќи на врвот на табелата по целодневната програма. Сепак, и покрај ова, тој вели дека се уште го бара вистинското чувство во новиот болид.

  • Сè уште се обидувам да сфатам како да извлечам максимум од овој болид. Искрено, сè уште сум малку изгубен кога станува збор за пронаоѓање на времињата по кругови. Не знам дали треба да го барам на влезот, излезот или преку минималните брзини, вели Саинц.

ИЗДВОЕНИ