Садиме и трчаме на Гази Баба“ е мотото на акцијата што во рамките на проектот „Трчај за зелена иднина“, финансиран од Европската Унија, ќе се одржи утре во 15 часот, во истоимената парк-шума.
-Завршете ги дневните обврски и дојдете во природа. Ќе садиме дрвја, ќе рекреираме и ќе си позборуваме каков придонес ни е потребен за да си обезбедиме зелена иднина – повикуваат организаторите.
Во духот на проектот тие препорачуваат да се дојде пеш, со велосипед или со јавен превоз. Сепак, додаваат ако некој се одлучи да дојде со автомобил, во близина има паркинг.
Во оваа акција се вклучени Граѓанскиот ресурсен центар, AKKA Run Club i Greener.