САД повторно се повлекуваат од Парискиот климатски договор

25

Соединетите Американски Држави ќе се повлечат од Парискиот климатски договор, објави Белата куќа набрзо откако Доналд Трамп положи заклетва и го започна својот втор претседателски мандат, пренесува FoNet.

Во соопштението не е прецизирано кога тоа ќе биде направено, а по доставувањето на официјалното известување, ќе треба една година САД да го напуштат договорот по втор пат.

САД прво го напуштија Парискиот климатски договор за време на првиот мандат на Трамп, но потоа администрацијата на Џо Бајден го смени и Америка повторно се придружи на напорите да го спречи глобалното затоплување.

Денешното соопштение на новата американска администрација се очекува да и нанесе сериозен удар на меѓународната соработка насочена кон намалување на употребата на фосилни горива и може да ги поттикне другите големи загадувачи, како Кина и Индија, да не ги почитуваат обврските што ги презеле.

Соединетите Американски Држави во моментов се вториот најголем загадувач на животната средина во светот, по Кина, и историски се најголем загадувач.

ИЗДВОЕНИ