Америка постигна договор со Украина за ретките метали, објави американскиот лидер Доналд Трамп, пренесува Ројтерс.
– Постигнавме договор за ретките метали, наскоро ќе го потпишеме – го цитира Ројтерс американскиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во моментов разговараат за територијални прашања, како и за можните линии за разграничување меѓу Русија и Украина.
Како што истакна, страните разговараат за можна американска контрола врз нуклеарните централи во Украина.
Потпишувањето на договорот пропадна на крајот на февруари кога Трамп го прекори Зеленски за непочитување, а потпретседателот Џеј Ди Венс го нарече неблагодарен агитатор за демократите. По расправијата од Зеленски беше побарано да ја напушти Белата куќа.