САД и Украина се блиску до договор за поделба на приходите од украинските ресурси

343

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека САД и Украина се блиску до постигнување договор за поделба на приходите од украинските минерали како дел од напорите за ставање крај на војната во Украина.

„Мислам дека сме прилично блиску до договор“, рече Трамп на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Вашингтон.

Трамп рече дека САД сакаат да вратат милијарди долари воена помош што Вашингтон му ја даде на Киев за време на војната во Украина, пренесува Ројтерс.

ИЗДВОЕНИ