САД И УКРАИНА СЕ ДОГОВОРИЈА Киев прифати 30-дневно примирје со Москва – САД ја одмрзнува безбедносната и разузнавачката помош

442

Украина и САД постигнаа договор за склучување на сеопфатен договор за развој на клучните минерални суровини на Украина што е можно поскоро, се вели во заедничката изјава на американската и украинската делегација.

Целта на договорот е да се прошири украинската економија, да се надомести цената на американската помош и да се обезбеди долгорочен просперитет и безбедност на Украина.

Соединетите држави и Украина објавија заедничка изјава по состанокот во Џеда, Саудиска Арабија, потврдувајќи дека САД веднаш ќе стават крај на замрзнувањето на размената на разузнавачки информации и ќе продолжат со испраќање воена помош за Украина.

Киев, исто така, изрази подготвеност да го прифати предлогот на САД за итно, привремено примирје во траење од 30 дена, кое може да биде продолжено со заеднички договор на страните, под услов Русија да се согласи и да го спроведе во исто време.

„САД ќе и пренесат на Русија дека реципроцитетот е клучот за постигнување мир“, се вели во соопштението.

Средбата меѓу американските и украинските претставници траеше повеќе од осум часа во саудиското пристаниште Џеда.

ИЗДВОЕНИ