
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, САД треба да се откажат од напорите и да продолжат понатаму.
„Ако не е можно да се стави крај на војната во Украина, мора да продолжиме понатаму“, им рече тој на новинарите пред да замине од Париз.
„Ова не е наша војна. Ние не ја започнавме. САД и помагаат на Украина три години и сакаме војната да заврши, но ова не е наша војна“, рече Рубио. „Претседателот Доналд Трамп 87 дена прави континуирани напори на највисокото ниво на владата за да ја доведеме оваа војна до крај. Сега доаѓаме до точка кога треба да одлучиме и да утврдиме дали тоа е воопшто можно. Затоа разговараме со двете страни“, додаде тој.
„Треба многу брзо, во рок од неколку дена, да утврдиме дали мировниот договор е остварлив на краток рок, бидејќи ако не е, мислам дека само ќе продолжиме понатаму“, рече Рубио. „Нема да ги продолжиме овие напори со недели и месеци без крај“, додаде тој.