Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги прекина сите барања за имиграција поднесени од мигранти од Латинска Америка и Украина на кои им беше дозволен влез во САД според одредени програми на администрацијата на поранешниот претседател Џозеф Бајден, наведувајќи ги како причина измамите и загриженоста за безбедноста, пишува CBS News, повикувајќи се на изјави на двајца американски официјални лица и внатрешен меморандум што го видел американскиот ТВ канал.
Замрзнувањето на апликациите ќе остане на сила на неодредено време додека владините службеници работат на идентификување на потенцијалните случаи на измама и подобрување на процедурите за верификација за да се ублажат грижите за националната и јавната безбедност, се вели во документот.
Потегот, кој претходно не беше објавен, донесе неизвесност кај многу мигранти кои беа во процес на аплицирање за различни имиграциски бенефиции што ќе им овозможат да останат во САД легално, а во некои случаи и трајно.