САД фрлиле милијарди долари на претворање стаорци во зависници од кокаин

80

Американската влада фрлила милијарди долари на несериозни проекти, трошејќи ги парите на даночните обврзници за да ги претвори стаорците во зависници од кокаин, вели сенаторот Пол Ранд во годишниот извештај „Фестивус“. Републиканецот од Кентаки во својот извештај наведува некои од чудните и необични проекти одобрени од американските конгресмени минатата година.

Една од најневеројатните загуби на администрацијата на Бајден дојде од Министерството за здравство. На студијата спроведена од Универзитетот во Њујорк потрошено е 419.470 долари за да се утврди „дали осамените стаорци користат кокаин почесто од среќните стаорци“. Во извештајот на сенаторот Пол не е наведено дали научниците успеале да откријат кои стаорци повеќе ги привлекува белиот прав.

Многу повеќе пари, дури два милиони долари, се исплатени на Универзитетот Корнел во последните две години. Задачата на овој проект била научниците да се обидат да заразат мачки со Ковид-19, а потоа да ги убијат животните за да утврдат дали тие можат да се носат со инфекцијата.

Ова не е само празно фрлање на милиони долари од даночните обврзници. „Овие експерименти предизвикаа страдање и смрт на повеќе од 30 мачки“, се наведува во извештајот.

Стејт департментот, исто така, потроши дури 3 милиони долари на пропагандна кампања меѓу девојките во Бразил кои беа избрани да станат „климатски лидери“.

„Федералната влада потроши 10 милијарди долари за реновирање, одржување, опремување и издавање под закуп згради кои се речиси целосно празни“, вели Ранд.

Покрај тоа, конгресменот истакна дека американското Министерство за здравство и човечки услуги додели грант од пет милиони долари за истражување на деца кои гледаат реклами за храна на Фејсбук.

ИЗДВОЕНИ