Светскиот женски тениски рекет број еден Белорусинката, Арина Сабаленка, не остана рамнодушна на коментарите од поранешниот руски тенисер Николај Давиденко, кој рече дека жените не треба да добиваат исти хонорари како мажите.
Белорусинката во едно интервју реагираше малку несвојствено за неа и дрско му одговори на поранешниот руски тенисер, покажувајќи му го средниот прст и нарекувајќи го „невоспитан адолесцент“.
„Не ми е јасно како може да каже такво нешто. Знам дека машкиот тенис секогаш ќе биде на повисоко ниво од женскиот, но неговите коментари наликуваат на невоспитан адолесцент.
Можеби кај мажите сето тоа изгледа поатрактивно поради физикусот и нивните предиспозиции, но не се сложувам дека жените работат помалку напорно“, рече Сабаленка.
Коментарите дојдоа по изјавата на Давиденко дека жените играат само два сета на грен слем турнирите и не се подготвуваат толку многу како припадниците на посилниот пол.