Романската ММА организација RXF ги шокираше следбениците на спортот со борбата на ѕвездата на Тик-Ток Костика Присекару против жена-ривал Флоричика Дансатоаре. Гледачите доживеаа шок уште пред самата борба, во моментот на појавувањето на Присекару.

Тој тргна кон кафезот со звуците на песната „Pimp“ на американскиот рапер 50 Cent, завиткан во бунда и со пура во рацете. До него имаше девојка која лазеше како куче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FightingLab (@fightinglabfl)

Што се однесува до борбата, таа вклучуваше ласциозни сцени и заврши со аплауз од публиката.

  • Благодарам на навивачите. Не се плашев од Флоричика, и двајцата сме силни. Не е важно што е жена, натпреварот е натпревар, изјави Присекару по борбата.