Русокосо-сексапилната ТВ-водителка, прилепчанката Жаки Блонд се омажи и емотивно порача: „Од сега, па засекогаш, Апостоловиќ“!  

96

„Рипна во тавче“ за момче од Србија, една од најзгодните македонски ТВ-водителки и фотомодели! И двајцата одлучиле бракот да го официјализираат во Македонија, земјата која Србинот многу ја засака, како што си ја засака и својата Македонка. Па така сè на сè, на естрадата добивме уште една српска снашка, но и нов македонски зет!

 „Јас верувам дека сè се случува со причина…“ вака вели премногу згодната ТВ-водителка и фотомодел Жаки Блонд или како што ѝ е вистинското име Жаклина Мисиркоска. Вистинското име веројатно и го знаат само нејзините по дома, но ако изустите Жаклин, Жаки, веднаш знаете дека станува збор за русокосата убавица, некогашна водителка на естрадниот ТВ-магазин „Естрада плус“. Ја знаеме и од неколку видеоспота на популарните македонски пејачи.

И Жаки, секако, верува дека нејзината мажачка е со причина. Едноставна причина, бидејќи искрено се вљуби! И сега стана Апостоловиќ. Да се знае! Таа и на својот Фејсбук емотивно напиша: „Засекогаш Апостоловиќ“!

Се вљуби во момче Србијанче. Честопати одеше кај него во Србија на гости, но кога дојде тој момент за брак, и двајцата одлучиле тоа да го направат во Македонија. Србинот многу ја засака нашата земја, како што си ја засака и својата Македонка. Па така, сè на сè, на естрадата добивме уште една српска снашка, но и нов македонски зет! Не само што пукаат со природна убавина, Жаки и нејзиниот сопруг, се комуникативни, нормални, весели, дружељубиви и многу често насмеани.

Но, дали сега откако е веќе во брак, Жаки ќе се збогува со своите професии или бракот ќе ѝ биде уште посилна мотивација за понатамошни успеси? Времето ќе покаже! Во секој случај убаво е кога се случуваат вакви убави настани, кога љубовта цути. Без разлика на национална припадност. Како и без разлика на тоа дали гулапчињата своето љубовно гнездо понатаму ќе го создаваат во Македонија или во Србија. Нека им е за навека со златни дечиња.     Д.М. Фото: архива

 

ИЗДВОЕНИ