Руските пранкери го насамарија Курти: Мислел дека зборува со летонскиот претседател/ВИДЕО

62
Фото: screenshot

Руските комичари Алексеј Столјаров и Владимир Кузњецов, или познати како Лексус и Вован, кои се познати по своите имитации и измами на десетици политичари ширум светот, за своја нова „жртва“ го избраа премиерот на Косово Албин Курти.

Еден од нив во телефонскиот разговор се претставил како претседател на Летонија.

За време на разговорот Албин Курти рекол дека неговата влада е жртва на „хибридната војна“ што ја водат Србија, Русија и нивните сојузници.

Курти, исто така, го обвинил поранешниот специјален пратеник за Србија и Косово Ричард Гренел дека помогнал да се собори неговата влада за време на неговиот прв мандат и дека е поврзан со таканаречената косовска опозиција. Вели дека Гренел работел против него четири години.

„Тој одигра клучна улога во соборувањето на мојата влада за прв пат во 2020 година.

Гренел се бори против ЛГБТ+, а тој самиот (Гренел) е геј. Знаеш ли дека и јас сум геј? Не, не знаев“.

Лицето кое се претставило како претседател на Летонија во продолжението на разговорот му порачал на Курти

– „Главна цел ми е да ја згаснам Русија“. Целосно се согласувам, бидејќи нема да имаме мир во Европа, никој од нас, со ваква Русија“, рече косовскиот премиер. Тој се залагаше сите поактивно да се здружат и да ја поддржат Украина, како и да и обезбедат подобра воена опрема на таа земја.

ИЗДВОЕНИ