Украинската гимнастичарка Ана Ризатдинова (31) неодамна се појави во еден поткаст, зборувајќи за својата кариера, но и за тоа што наводно им се случува на нејзините колешки, кои ја претставуваа Русија. И самата таа имаше можност да биде дел од руската гимнастичка репрезентација, но одби и остана да ги брани боите на Украина.
Гимнастиката, уметничкото лизгање и балетот се особено важни за Русите, па доволно е да се каже дека Русија континуирано освојува олимписки златни медали во гимнастика од 1996 година. Таа серија беше прекината во Токио, бидејќи Русија немаше право да настапува таму, барем не под своето знаме.
Ирина Винер-Усманова, поранешната претседателка на Руската федерација за ритмичка гимнастика, е позната по ужасните критериуми што ги спроведува кон своите натпреварувачки, од гладување, создавање нездрава конкуренција, систем на репресија и казнување, повикување на конкурентите и држење на власта во свои раце.
Според Ризатдинова, во овој систем и гимнастичарките биле третирани како предмети и користени за политички цели, особено на крајот од својата кариера.
Спортистките, откако ќе им истечел „мандатот“, биле „продавани“ на богати и влијателни мажи, вклучително и на политичари, а таквата можност своевремено ја искористи и првиот човек на Русија, Владимир Путин.
Затоа Ризатдинова изјави во поткастот дека нејзините ривалки од Русија во еден момент функционирале како бордел.
- По настап, девојките биле редени пред мажи на кои им било кажувано да избираат. Некои имале долги врски со овие луѓе, ги третирале како девојки или дури ги земале за сопруги – шокираше Украинката.
Украинската атлетичарка слушнала и за „воведни забави“ на кои доаѓало до интимен контакт со гимнастичарките. Винер-Усманова „чувала“ сè, никој не се осмелил да ѝ се спротивстави и наводно поради неа руските гимнастичарки паднале во депресија и биле скршени.
Интересно, токму благодарение на неа, Путин се сретна со гимнастичарката Алина Кабаева, добитничка на златниот олимписки медал од Атина. По кариерата, Кабаева беше третирана како негова неофицијална сопруга, 30 години помлада од него. Веројатно, има најмалку две деца со неа, иако Кремљ со години упорно прикрива сè.
Во 2008 година, кога напишал статија за разводот на Путин, по кој тој наводно сакал да се ожени со Кабаева, дневниот весник „Московски кореспондент“ брзо бил затворен, официјално поради финансиски проблеми.
По години спортска кариера, Кабаева беше член на рускиот Парламент, а потоа стана претседателка на Надзорниот одбор на руски медиумски холдинг. Таа има радикални ставови, кои се блиски до Путин.