Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја укина одредбата според која странските купувачи беа обврзани да плаќаат за испорака на руски гас преку Газпромбанк, против која Соединетите Американски Држави воведоа санкции на 21 ноември.
Тој на тој начин го измени указот од 31 март 2022 година за специјалната процедура за плаќање на рускиот гас кога станува збор за странски компании, пренесе Спутник.
Новата регулатива предвидува две опции за меѓусебно порамнување: првата предвидува исплата на „овластени банки на средства во рубљи, добиени од трети страни за купување руски гас“, додека втората претпоставува дека обврската за плаќање за гас може да се прекине „целосно или делумно, во зависност од добавувачот на барањето“.
Порамнувањето може да биде форма на безготовинско меѓусебно порамнување или отплата на еднакви износи на обврски за заемно плаќање.
На 21 ноември, американското Министерство за финансии воведе санкции кон Газпромбанк, со што практично не може да се плаќа за испорака на руски гас за странски клиенти.
Според новите рестриктивни мерки, трансакциите во кои е вклучена руска банка се дозволени до 20 декември, пренесува Танјуг.