Рускиот гас низ „Турски ток“ тече рекордно!

577
Испораките на руски гас преку гасоводот Турски тек за Европа се зголемија за 26,7 отсто во споредба со јануари минатата година и достигнаа рекордни нивоа, покажуваат податоците на Европската мрежа на оператори на гасни системи.

На гасната станица „Странџа 2-Малкочлар“, лоцирана на турско-бугарската граница, во јануари поминале 1,56 милијарди кубни метри гас или во просек по 50,3 милиони кубни метри дневно.

Тоа е за 26,7 отсто повеќе во однос на истиот месец лани кога низ таа гасна станица поминале 1,23 милијарди кубни метри гас или во просек по 39,7 милиони кубни метри дневно.

Претходниот рекорд беше постигнат во декември минатата година кога низ бугарско-турската гасна станица поминаа 1,53 милијарди кубни метри гас.

Договорот за испорака на руски гас во Европа преку Украина истече на 31 декември, а Киев ја отфрли можноста за продолжување на договорот дури и ако трета земја го купи гасот пред тој да влезе на украинска територија, пренесува Спутник.

Во моментов единствениот начин на кој рускиот гас може да стигне до Европа е преку таканаречениот Балкански тек, кој е поврзан со „Турски поток“.

Годишно низ оваа рута минуваат околу 14-15 милијарди кубни метри гас, кој се транспортира во Унгарија, Романија, Грција, Македонија, Србија и Босна и Херцеговина.

ИЗДВОЕНИ