Рускиот воен авион Сухој – СУ-24 МП денеска влета во полскиот воздушен простор во реонот на Гдањскиот залив во Балтичкото Море, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.
Од Русија беше соопштено дека тоа се случило поради дефект на навигацискиот систем.
Воениот авион прелетал 6,5 километри во полскиот воздушен простор, каде се задржал нешто повеќе од една минута, по што го променил курсот.