Руски шпионски авион се приближи до Германија: Подигнати германски борбени авиони

110

Руски извидувачки авион во четвртокот се приближи до североисточниот брег на Германија пред да се врати во Русија во придружба на германски борбени авиони, соопшти германската војска, потврдувајќи ја информацијата од весникот „Билд“.

Војската соопшти дека „алармот за брза реакција (QRA)“ бил активиран во четвртокот во Лааге, воздухопловна база во близина на Росток на балтичкиот брег.

„Причината е непознато летало над Балтичкото Море кое летало без план за летање или активиран транспондер“, рекол истиот извор.

Германските борбени авиони „Еурофајтер“ полетаа за да го идентификуваат извидувачкиот авион, модел Иљушин II-20, кој потоа беше „следен“, соопштија од воздухопловните сили, објавувајќи фотографија од леталото.

Според „Билд“, рускиот авион се наоѓал „источно од Руген“, германски остров во Балтичкото Море, во четвртокот наутро и се движел „кон германскиот воздушен простор“ во моментот на пресретнувањето.

Фактот што неговиот транспондер беше деактивиран претставува „значајна опасност за цивилниот воздушен сообраќај“, додава весникот.

Два германски авиони го следеле „неколку километри“ додека тој „се завртел и се вратил кон Калининградската област“.

Според воени извори на кои се повикува Билд, руските извидувачки авиони повремено се приближуваат до германскиот брег, но не го нарушуваат неговиот воздушен простор.

ИЗДВОЕНИ