Руски кошаркар добива смртни закани во Америка

40
Фото:википедија

Јегор Демин, руски кошаркар кој игра на колеџ (NCAA) во САД и е член на американскиот универзитет Бригам Јанг (BIU), доби смртни закани на социјалните мрежи.

Во средата, Демин објави скриншот на социјалните мрежи на кој се гледа како непознат корисник му испраќа порака со која му посакува смрт.

“Се надевам дека ќе умреш. Се молам да умреш”, напишало непознато лице.

Демин ги замати пцовките на скриншот.

Демин е син на поранешниот кошаркар на московски Химки и пермски Урал, Владимир Демин.

Младиот кошаркар по втор пат ја освои Јуниорската Евролига меѓу играчите до 18 години како дел од Реал Мадрид, станувајќи најдобар стрелец на финалниот меч со 26 поени.

Во 2025 година, по овие непријатни сцени, би можеле да го видиме Русинот на НБА драфтот, пренесува Спутник.

ИЗДВОЕНИ