Руски хакери се фалат со нападот на хрватските институции: „Не сме ве посетиле одамна“

103
Фото: Screenshot

Во средата, Министерството за финансии, Загрепската берза и даночната управа беа под сајбер напад. Озлогласената руска хакерска група NoName057(16) објави порака на Интернет во која ја презема одговорноста за сајбер нападите врз финансиските институции во Хрватска.

Во својата порака напишаа: „Веќе некое време не сме ја посетиле Хрватска и решивме да ги „потсетиме“ на нас.

Заедно со пораката објавија список на институциите кои ги нападнале, по редослед: Министерство за финансии, Даночна управа, Хрватска народна банка, портал на Хрватска народна банка, Загребска берза.

Oвие институции беа хакирани во средата и нивните веб-страници не беа достапни со часови.

Еден ден подоцна, во четвртокот наутро, имаше и хакерски напад врз системот КБЦ Загреб (Ребро), но експерти за RTL Danas изјавија дека се работи за друг тип на напад. Истрагата се уште е во тек и не се знае дали нападите врз финансиските институции и болницата се поврзани, но руската хакерска група која се „фали“ со нападот во Хрватска не ја вклучува болницата на својот список.

До имињата на нивните цели во Хрватска, тие ја напишале пораката „dead on ping“, што би значело дека се под хакерски „напад DDoS“.