Руски дрон ја погоди нуклеарката во Чернобил: Зеленски објави снимка/ВИДЕО

453
PrintscreenX

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот изјави дека руско беспилотно летало натоварено со експлозиви ја погодило безбедносната купола што ги штити остатоците од четвртиот реактор на поранешната нуклеарна централа Чернобил.

„Руски напад на беспилотно летало со боева глава со силна експлозивна моќ удри во засолниште што го штити светот од радијација во уништената четврта единица на електраната“, напиша Зеленски на X.

Тој додаде дека е оштетена бетонската безбедносна конструкција што го покрива четвртиот реактор, а пожарот е изгаснат. Нивото на радијација не е зголемено и постојано се следи.

„Според првичните проценки, штетата на прифатилиштето е значителна“, рече Зеленски.

Чернобил е местото на најголемата цивилна нуклеарна катастрофа во светот, кога еден од четирите реактори експлодираше во 1986 година. Тој реактор сега е покриен со заштитно засолниште, познато како саркофаг, за да се спречи ширењето на преостанатото зрачење.

ИЗДВОЕНИ