Руската вселенска капсула слета на Земјата: Астронаутите рекордери – поминале 374 ДЕНА во Вселената!

359

мериканската астронаутка Трејси Дајсон и двајцата руски космонаути Олег Кононенко и Николај Чуб, денеска се вратија на Земјата од Меѓународната вселенска станица (МВС) во капсула Сојуз.

Триото слета на казахстанската степа во 17 часот по локално време, пренесува агенцијата dpa. Пред да замине, Кононенко ја предаде контролата над ISS на американската астронаутка Сунита Вилијамс. И покрај тензиите на Земјата, Русија и САД продолжуваат да соработуваат на ISS.

EPA-EFE/ROSCOSMOS PRESS SERVICE

Кононенко и Чаб поминале 374 дена во орбитата, што е најдолгото што некој некогаш го поминал на ISS во еден престој. Тие го соборија рекордот во петокот, а на станицата пристигнаа на 15 септември 2023 година.

За време на престојот на ISS, Кононенко собори уште еден рекорд – тоа беше неговата петта мисија, па 60-годишникот стана личност која помина најмногу време во вселената, единствениот со над илјада дена „искуство“ надвор од Земјата.

За Дајсон тоа беше трета мисија на ISS. На оваа е од март, што значи дека поминала повеќе од 180 дена во вселената, пишува dpa.