Руската воздушна одбрана соборила 13 украински беспилотни летала над два руски региони во текот на ноќта

31

Руската воздушна одбрана (ПВО) собори 13 украински беспилотни летала во текот на ноќта над два руски региони, Ростов и Белгород. Во соопштението се наведува дека 12 украински беспилотни летала биле пресретнати и уништени над територијата на Ростовската област и едно беспилотно летало над регионот Белгород.

Шефот на Ростовската област претходно објави дека успешно се одбиени нападите на украинските беспилотни летала над четири окрузи во регионот, пренесе Интерфакс, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ