Најмалку 1.000 приврзаници на руската опозиција во егзил, предводена од Јулија Навална, се собраа денеска на марш во Берлин против војната во Украина и против рускиот претседател Владимир Путин, а тој митинг има за цел да го оживее протестното движење.
Протестниот марш, кој служи како тест за руските опозиционери, започна со извици „Не за војна“, „Русија без Путин“ и „Русија ќе биде слободна“, јави АФП од местото на настанот.
Маршот во Берлин, град кој прими голем број руски прогонети и противници на власта, заврши пред руската амбасада.
Организаторите процениле дека имало околу 2.000 луѓе.
Опозицијата, која го загуби својот лидер Алексеј Навални во февруари, кој почина под необјаснети околности во затвор, беше лишена од средствата да дејствува во Русија и затоа беше принудена да го рестартира движењето од странство.
Јулија Навални, сопруга на Алексеј Навални, и неговите сојузници ја предводеа поворката.
„Важно е да се покаже дека Русите и оние што зборуваат руски не се за Путин, како што се верува во очите на целиот свет, туку дека ги бранат и либерално-демократските вредности, дека се против војна и убиства“, рече еден демонстрант.
Последните големи собири на поддржувачи на опозицијата во Русија спонтано собраа неколку илјади луѓе, и покрај ризиците, за време на погребот на Навални во март 2024 година и на самиот почеток на инвазијата на Украина во февруари 2022 година.