Руската Дума побара од американскиот Конгрес да го истражи заговорот за убиство на Путин

88

Руската Дума денеска објави дека бара американскиот Конгрес да спроведе темелна истрага за наводните планови за атентат на рускиот претседател Владимир Путин.

„Разгледувањето на прашањето за физичка смена на рускиот лидер може да се оквалификува како акт на меѓународен државен тероризам“, се вели во соопштението на Думата.

Во соопштението се истакнува и дека претседателот на Думата, Вјачеслав Володин, испратил писмо до Конгресот на САД и Обединетите нации во врска со информациите за наводниот планиран атентат на рускиот претседател.

Во писмото се нагласува дека размислувањето за организирање на убиство на рускиот претседател Владимир Путин е злосторство, закана за глобалната безбедност што може да доведе до нуклеарна војна, пренесува Спутник.

„Државната дума на Русија со екстремна тревога и многу сериозно ја прими информацијата која потекнува од американскиот новинар Такер Карлсон дека поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и поранешниот државен секретар Ентони Блинкен размислувале да организираат обид за атентат врз рускиот лидер Владимир Путин“, се наведува во писмото на Думата упатено до Конгресот на САД.

Карлсон претходно изјави дека администрацијата на Бајден се обидела да го убие Путин, но не даде детали или докази за ова тврдење, пренесува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ