Руска разузнавачка служба: Англосаксонци вмешани во експлозиите на „Северен тек“

111

Надворешната разузнавачка служба на Русија (СВР) добива нови информации кои ја потврдуваат вмешаноста на Англосаксонците во експлозиите на „Северните текови“.

СВР на Русија не престанува да собира информации за околностите на серијата експлозии во Балтичкото Море на 26 септември 2022 година. Пристигнуваат сите нови информации кои го потврдуваат веќе изнесеното како теза од директорот на службата С.Е. Наришкин за вмешаноста на англосаксонците во овие инциденти – се наведува во соопштението на Службата.

Во соопштението се додава дека расположливите разузнавачки информации јасно укажуваат дека нападите на гасоводите претставуваат чин на меѓународен тероризам и економска војна на Англосаксонците против нивните европски сојузници, пред се Германија.