Руска и американска делегација почнаа преговори во Истанбул

31

Руска делегација пристигна во Истанбул на преговори со американски претставници. Ова е втора средба во живо меѓу американски и руски претставници откако почна војната во Украина. Првата се одржа неодамна во Ријад без учество на претставници на Украина и ЕУ, што предизвика гласни критики од двете страни.

Како што јави Би-Би-Си, целта на средбата во Истанбул е да се решат несогласувањата во врска со работата на амбасадите на двете земји  во Вашингтон и Москва. Оваа средба доаѓа откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција ќе одигра „важна улога“ во завршувањето на војната во Украина.

ИЗДВОЕНИ