Додека добар дел од светот следи што се случува во третата година од војната меѓу Русија и Украина, во спортските кругови, далеку од првите борбени линии, има сè поинтересни настани. Веќе долго време, од почетокот војната, постоеше правило дека Русите не можат да учествуваат речиси никаде на меѓународните натпревари, односно можат да учествуваат во некои (не сите) спортови само како поединци, изјаснувајќи се како неутрални спортисти на кои им е забрането истакнување на националните знаменитости. Но, работите полека се менуваат.
Имено, Светската федерација на пливачки спортови донесе одлука да им дозволи на Русите да се вратат во три спорта што се одржуваат во базени, односно во синхронизирано пливање, пливачки штафети и во синхронизирани (тимски) скокови во вода.
Единствениот услов што останува на сила, како оној на Олимписките игри во Париз 2024 година, е да се нагласи при настапот дека се неутрални спортисти.