Рускиот селектор Виктор Јанчук не верува дека Новак Ѓоковиќ ќе успее да освои барем уште еден Грен слем трофеј во доцните фази од кариерата и да ја надмине Маргарет Корт, со вкупно 25, со која моментално го дели првото место на вечната листа.
Мислам дека на Ѓоковиќ ќе му биде многу тешко да игра на нивото на кое е навикнат“. Младите играчи почнаа се почесто да го победуваат. Тие се пред него и по брзина и по сила. Одличната техника, огромното искуство и тактичкото размислување на Ѓоковиќ зборуваат сами за себе, но сè потешко му е да биде во чекор со младите“, рече Јанчук и додаде:
„Не можете да ги измамите годините, тоа им се случува на сите спортисти порано или подоцна. Мислам дека е малку веројатно дека ќе успее да освои Грен слем турнир и да го подобри сопствениот рекорд. Во секој случај, тој постигна огромен успех. Неговите достигнувања нема да бидат надминати наскоро“.
37-годишниот тенисер во кариерата има освоено 24 Грен слем трофеи, од кои десет во Австралија.
Српскиот тенисер во кариерата освои 99 титули, а минатото лето го оствари сонот триумфирајќи на Олимписките игри.
Натпреварувањето на Ѓоковиќ на Австралија опен започнува во понеделник наутро против Нишеш Басавареди.
Novak Djokovic’s first Grand slam and AO in 2008, That confidence at age 20 🥶
Beat prime Federer was in a 20 match winning streak in Australia and won 3 out of the last 4 slams. He knew he was special 🐐 pic.twitter.com/uas7JhIuPH
— SK (@Djoko_UTD) January 11, 2025