Русинка призна вина за предавство: Донирала 51 долар за украинската војска

108
Фото: Социјални мрежи

Ксенија Карелина од Лос Анџелес, која има руско и американско државјанство и беше уапсена во Русија за предавство, денеска пред судот ја призна вината, изјави нејзиниот адвокат Михаил Мушаилов.

Руската Федерална служба за безбедност соопшти дека 33-годишната Ксенија Карелина е приведена во Екатеринбург за предавство, бидејќи собирала пари за украинските вооружени сили.

Судот во Свердловск се очекува утре да ја изрече пресудата, пренесува ТАСС.

Карелина е обвинета дека донирала 51,80 долари на украинска добротворна организација во САД.