Македонскиот кошаркарски прволигаш, екипата на ТФТ Скопје, продолжува да го засилува својот ростер во пресрет на втората полусезона. Нов член на тимот од Тафралиџе е рускиот крилен центар Алекс Котов, кој пристигна од Уралмаш, тим што се натпреварува во ВТБ лигата.
Претходно Котов беше дел од два универзитети во САД, Илиноис и Кемпбел, а своето деби во новиот клуб најверојатно ќе го има против Работнички овој викенд.
По 16 одиграни кола во домашниот шампионат ТФТ е на втората позиција на табелата со два пораза помалку од шампионот МЗТ Скопје.