Русин бил нападнат од мечка во шума – преживеал правејќи се мртов

160

Кафеава мечка нападна и тешко повреди Русин во шума на околу 125 километри од Москва, јавуваат локалните медиуми и жителите. Во регионот околу главниот град се зачестени средбите со мечки. Човекот, кој го преживеа нападот бил во шумата собирајќи рогови од лосови и елени минатата недела, кога мечката го нападнала одзади, цитира близок роднина на повредениот за една локална веб-страница.

„Ѕверот почнал да му го гризе черепот, а потоа го свртел и почнал да го гризе по лицето, рекол роднина на жртвата. Тој некако се преправал дека е мртов и мечката изгубила интерес за него“, додаде тој.

Руските медиуми јавуваат дека повредениот се јавил на 911 и чекал со часови додека екипите на итната помош пеш го барале во шумата кај селото Јеремејево. Потоа со хеликоптер бил пренесен во болница. Ловот на мечки е дозволен во поголемиот дел од Русија, но е забранет во московскиот регион.

Некои Руси одат во шумата за да соберат рогови, чиј пар може да се продаде за до 15.000 рубли (178 долари), што е околу две третини од месечната минимална плата во Русија.

ИЗДВОЕНИ