Русија воведе нов предмет во училиштата: Децата учат за дронови и „Калашников“

127
EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Русија воведе нов предмет поврзан со военото образование. Кремљ повторно ги напиша ги препиша учебниците по историја кои вклучуваат цитат од Владимир Путин кој тврди дека Русија не ја започнала војната.

Русија воведе нов предмет во училиштата во кој учениците над 13 години ќе учат за борбени дронови и воените правила, а на постарите деца ќе им се покажува како да ракуваат со калашников.

Предметот „Основи на безбедноста и одбраната на татковината“ го поддржуваат и возрасните кои сметаат дека е важно децата да стекнат воени знаења.

„Тоа е одлично. Основното воено образование е важно. Во мое време склопивме калашников за минута. Мислам дека тоа им треба на децата“, рекла една баба откако го однела внукот на училиште.

„Го поздравувам тоа“, додала друга баба пред училиште во Москва, пишува Sky News.

Со воведување на вакви предмети и менување на наставната програма, Русија сака да го обликува јавното мислење за војната во Украина, со што го поттикнува мислењето дека војната е во одбрана на украинската акција против западната агресија.