Русија побрзо ќе најде решение без Европа и САД, смета Медведев

151

Заменик-претседателот на рускиот совет за безбедност Дмитриј Медведев оцени дека Русија би постигнала побрз напредок во решавањето на украинското прашање без поддршката на ЕУ и САД за Киев.

„Американските власти рекоа дека ако нема напредок во украинскиот случај, САД ќе ги тргнат рацете од него. Паметно. ЕУ мора да го стори истото. Тогаш Русија побрзо ќе го реши проблемот“, наведе Дмитриј Медведев на платформата „Х“.

Медведев претходно рече дека испраќањето мировници во Украина ќе го означи почетокот на војната со НАТО. Тој нагласи дека таквата мерка може да се смета како „поддршка за неонацистите во Киев“.

Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека САД се подготвени да се откажат од руско-украинската дипломатија доколку нема напредок во преговорите за мировно решение.

ИЗДВОЕНИ