Русија може да ја нападне нашата енергетска мрежа, тврди британски министер

54

Русија и други противници на Обединетото Кралство користат вештачка интелигенција за засилување на кибер-нападите врз националната инфраструктура, предупреди британскиот министер Пат МекФеден на НАТО конференцијата во Лондон.

Министерот најави формирање на истражувачки центар во Лондон – Лабораторија за безбедност на вештачката интелигенција (LASR), со цел справување со новите безбедносни предизвици.

Според него, нападите најчесто доаѓаат од Русија и целат на електроенергетската мрежа. МекФеден нагласи дека Обединетото Кралство веќе се соочува со „дневна реалност“ на кибер-војна, а нападите се насочени кон НАТО сојузниците кои ѝ помагаат на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна предупреди на „одмазднички напади“ врз земји кои ѝ обезбедуваат оружје на Украина.

Според „Гардијан“, иако директен воен напад е малку веројатен, засилени кибер-напади остануваат реална закана.