Русија ја обвини Украина: Намерно го нападнаа нашиот енергетски сектор – сакаат да го спречат мирот на Трамп

42

Руското Министерство за одбрана ја обвини Украина дека се обидува да го саботира договорот што го постигнаа претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп за привремен прекин на нападите врз енергетската инфраструктура, откако таа во текот на ноќта намерно изврши напад врз складиште за нафта во регионот Краснодар, пренесоа светските агенции.

Руското министерство во соопштението наведува дека украинскиот напад бил извршен неколку часа по разговорот меѓу претседателите Владимир Путин и Доналд Трамп, во кој тие се согласиле Русија и Украина привремено да прекинат да напаѓаат објекти на енергетската инфраструктура.

Синоќешниот напад со украинско беспилотно летало предизвика пожар во нафтената база, која се наоѓа во близина на селото Кавказка во регионот Краснодар, објавија претходно руските регионални власти.

„Јасно е дека ова е нова провокација, специјално подготвена од режимот во Киев, чија цел е да ги спречи мировните иницијативи на претседателот на САД“, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана.

ИЗДВОЕНИ