epa11186687 Ukraine's President Volodymyr Zelensky talks during a press conference with Albania's Prime Minister after the 'Peace summit' in Tirana, Albania, 28 February 2024. Tirana is hosting a summit of Southeastern European countries on peace, security and cooperation focusing on the war in Ukraine. EPA-EFE/MALTON DIBRA

Русија изврши над 300 напади со дронови и лансираше околу 20 ракети, вклучително и балистички, врз Украина во првите три дена од 2025 година, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот канал на „Телеграм“, пренесува Укринформ.

Нашите сили успеаја да соборат или да ги неутрализираат со средства за електронска војна значителен дел од овие напади. Но, за жал, имаше погодени цели, повредени и загинати. Им изразувам сочувство на семејствата и пријателите на жртвите. Покрај тоа, секојдневно има напади со руски насочувани авионски бомби,“ истакна Зеленски.

Тој додаде дека „овој руски терор, кој не губи интензитет, бара од нас и од нашите партнери да го засилиме развојот на воздушната одбрана, од системите ‘Патриот’ до мобилните противпожарни тимови“.

Зеленски им се заблагодари на сите партнери за поддршката и истакна дека е потребно континуирано снабдување со системи за противвоздушна одбрана и зголемување на капацитетот на мобилните тимови.

ИЗДВОЕНИ