Русија има специјална сајбер единица насочена кон Полска, изјави полскиот министер за дигитални прашања Кшиштоф Гавковски.
Како што јави вчера јавниот сервис ТВП, Гавковски рече дека ниту една земја од Европската унија (ЕУ) не се соочила со повеќе руски сајбер напади од Полска.
Тој додаде дека од јануари до октомври 2024 година биле извршени повеќе од 80.000 сајбер напади врз неговата земја. Кремљ, рече тој, има намера да се меша и во претседателските избори во Полска во мај.
Тој посочи дека се издвоени големи финансиски средства за задушување на „руската сајбер војна“, како и за нов специјален Координативен центар.
Гавковски нагласи дека Полска ги презела неопходните чекори за да го заштити сопствениот сајбер простор.